Connect with us

Арсенал нуди 60 милиони евра за „украинскиот Нејмар“

Раководството на Арсенал е исклучително мотивирано да го засили тимот со нови фудбалери во зимскиот преоден рок за да му помогне на менаџерот Микел Артета во неговиот обид да ги доведе „топчиите“ до првата титула во Премиер-лигата од 2004 година.


Лондончани подготвиле импресивна понуда вредна 60 милиони евра до украинскиот Шахтјор Доњецк за напаѓачот Михаило Мудрик. 21-годишниот фудбалер импресионираше со своите игри во последните месеци и им привлече внимание на голем број водечки европски клубови, а Арсенал се обидува да биде побрз од конкуренцијата и да го обезбеди потписот на „украинскиот Нејмар“ уште на почетокот на јануари.

Од гледна точка на Шахтјор, големата сума за трансфер може да се покаже како спасоносна благодет со оглед на финансиските проблеми што ја мачат Украина од почетокот на војната, иако клубот би можел да земе уште повеќе пари ако чека до летото, кога сигурно ќе има и други понуди за Мудрик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови