
Англискиот премиерлигаш Арсенал тргнува во офанзива по шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио. Тој никако не може да обезбеди стандардно место како стартер во тимот на Реал Мадрид и можеби ќе сака да го прифати предизвикот што го нуди Премиер – лигата.
Арсенал е подготвен да плати 40 милиони евра за трансферот на Асенсио, откако претходно потроши 85 милиони евра за да ги доведе Нуно Тавареш, Алберт Самби Локонга и пред се Бен Вајт.
Марко Асенсио во 2014 година од Мајорка дојде во Реал Мадрид, но и покрај тоа што е огромен талент, не се наметна комплетно меѓу „кралевите“. Флорентино Перез би можел да ја прифати понудата на Арсенал, со оглед дека очајно собира пари за трансферот на француската ѕвезда Килијан Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
