Арсенал ја продолжи победничката серија во Премиер – лигата совладувајќи го Њукасл на „Емирати“ со 4-1. Сега „топчиите“ се на третата позиција, но само со два бода негатива во однос на лидерот Ливерпул и еден бод зад Манчестер Сити.
Тимот на Микел Артета не му остави многу простор на гостинот за маневар. Ботман во 18.минута си постигна автогол, а шест минути подоцна Каи Хаверц зголеми на 2-0.
Букајо Сака во 65.минута го постигна третиот гол, а четири минути подоцна стрелаше и Кивиор.
Њукасл постигна почесен гол преку Џо Вилок во финишот од дуелот.
Манчестер Сити претходно го победи Борнмут на гости со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Фил Фоден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













