
Ливерпул покажува сериозен интерес за ангажирање на Леон Горецка од Баерн Минхен. Новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот, лично инсистира на негово доведување на „Енфилд“.
Слот верува дека може да ја врати најдобрата форма на германскиот играч, кој би станал клучна фигура во неговиот тим.
Договорот веројатно ќе биде на позајмица, со опција за откупување. Ливерпул ќе треба да преземе поголем дел од неговата плата, како и да плати мала сума за позајмицата.
Горецка, кој има 29 години, е во Баерн Минхен од 2018 година, кога беше доведен како слободен играч од Шалке 04. Досега има одиграно 221 натпревар, постигнато 40 голови и остварено 46 асистенции за баварците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
