
Италија ја елиминира Австрија во осминафиналето на ЕВРО, по продолженија, со 2-1. Регуларниот тек заврши без голови, но во продолженијата „аѕурите“ славеа откако постигнаа два гола.
Австрија може да жали за голот на Марко Арнаутовиќ што не беше поништен во 66. минута. По прегледувањето на ВАР – снимката, се покажа дека Арнаутовиќ беше во офсајд позицијаа. Но, тој секако е лут поради тоа.
„Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови. Разговаравме многу за оваа ВАР приказна. Не можете веќе да се израдувате за погодок, секогаш мора да почекате додека некои луѓе нешто не одлучат. Но, ние мора да го прифатиме тоа. Многу е тешко кога ќе ти поништат важен гол. Мислам дека Италија немаше да се врати по тој гол. Знаеме дека имаат квалитет, играа добро, но во тие моменти ние доминиравме“, изјави австрискиот напаѓач.
Стрелци на „аѕурите“ беа Киеза и Песина, додека Калајџиќ погоди за Австрија.
Италијанците ќе бараат место во полуфиналето против подобриот од натпреварот меѓу Португалија и Белгија. Натпреварот се игра од 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
