Црвена Звезда оствари голем триумф (1-0) против Лил во Белград и стигна до првата победа во Лига Европа оваа сезона. Херој на мечот беше Марко Арнаутовиќ, кој погоди д пенал во 85. минута и ги задржа шансите на српскиот првак за пласман понатаму. Пеналот го изнуди Мирко Иваниќ.
— OvoOno (@OvoOnoX) November 6, 2025
Динамо Загреб го доживеа првиот европски пораз оваа сезона во Лигата на Европа. „Модрите“ на свој терен беа совладани од Селта Виго со убедливи 0-3, а сè беше решено уште во првото полувреме.
Херој на натпреварот беше Пабло Дуран, кој приреди вистинско шоу на „Максимир“. Напаѓачот на Селта постигна хет-трик во 4., 28. и 44. минута, носејќи му големи три бода на својот тим и искачување во горниот дел од табелата.
Базел дома го совлада романскиот ФЦСБ со 3-1, Митјиланд беше подобар од Селтик со истиот резултат (3-1), а Панатинаикос славеше на гости кај Малме со 0-1. Салцбург го победи Го Ахед Иглс со 2-0.
Без победник завршија мечевите Утрехт – Порто (1-1) и Штурм Грац – Нотингем Форест (0-0).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













