Connect with us

Арби Воша опериран, се враќа на терен за три седмици

Младинскиот репрезентативец Арби Воша имаше хируршки зафат, информираше клубот Македонија ЃП. Сепак, не се работи за нешто сериозно и тој ќе може да се врати на теренот за три седмици. Најверојатно ќе ги пропушти дуелите против ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, но, сепак, ќе биде на располагање брзо, за продолжението на европските искушенија или почетокот на македонскиот шампионат.

Арби Воша заработи повреда на последните настапи со младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови