Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо денеска во Финска ќе биде опериран од доктор Ласе Лемпаинен, објави весникот „Мундо Депортиво“. Централниот дефанзивец се повреди во четвртфиналето на Копа Америка меѓу Уругвај и Бразил.
Од Барселона сè уште не соопштуваат колку време ќе отсуствува еден од главните играчи на тимот, но според првичните прогнози, тој ќе биде надвор од терените околу четири месеци.
Роналд Араухо преговараше со Барселона за нов договор во последните месеци, но ова отсуство може да го одложи процесот. Тој одигра 37 натпревари за тимот минатата сезона, од кои на 33 беше стартер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













