
Трофејниот италијански тренер Антонио Конте би можел да се врати во Серија А, и тоа на „Сан Сиро“.
Тој пртходно имаше разговори со Наполи пред Аурелио де Лаурентис да го назначи Руди Гарсија за тренер. Но, негираше дека ќе го преземе актуелниот шампион на Италија и брзо исчезна од сцената.
Сепак, сега кога се случи кризата во Милан, тој би можел да се врати на големата сцена и да пристигне во Милано.
Стефано Пиоли е под притисок и се вжештува приказната за негов отказ бидејќи раководството го губи трпението. Прв избор за негов наследник е Антонио Конте, додека втор Игнасио Абате, кој повеќе се карактеризира како привремено решение.
Доколку Конте навистина го преземе Милан, тој би го комплетирал големото трио, бидејќи ќе го води и третиот по големина италијански клуб, по Јувентус и Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
