
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, би можел да ја промени средината во зимскиот преоден рок, и да се пресели во англиската Премиер – лига.
Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на одличниот напаѓач.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени за него да платат 25 милиони евра, додека на Островот би имал трипати поголема плата од онаа што ја заработува во Мадрид.
Гризман има договор со „јорганџиите“ до јуни 2026 година, а оваа сезона одигра 16 натпревари и постигна 12 гола со една асистенција.
Французинот во два мандати во кариерата настапуваше за Реал Сосиедад, Барселона и за Атлетико.
Со француската репрезентација се искачи на врвот на светот во 2018 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
