Connect with us

Ансу Фати постигна убавец, Барселона го победи Милан во Лас Вегас (ВИДЕО)

Барселона го победи Милан со 1-0 во пријателски натпревар во Лас Вегас. Голот спектакуларно го постигна Ансу Фати.


Тој ја прими топката во левиот дел од шеснаесетникот и откосо погоди во спротивниот агол од голот на Мајк Мањан.


Фати дебитираше за првиот тим на Барселона на 16 години и собори многу голгетерски рекорди во клубот, Ла Лига и Лигата на шампионите. Но, после тоа, сериозните повреди го забавија неговото чудесно издигнување.


Левото крило за Барселона има 109 настапи, 29 гола и 10 асистенции. Минатата сезона одигра 51 натпревар, но само 14 како стартер. Чави најави дека ова е камбек сезона на Ансу Фати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови