Англискиот премиерлигаш Брајтон победи во битката за младиот напаѓач Ансу Фати од Барселона. Иако Челси и Тотенхем беа клубовите кои беа најактуелни за негов ангажман, сепак, Роберто Де Зерби одигра голем удел во преговорите и каталонскиот талент ќе заврши кај „галебите“.
Двата тима се договорија и тој ќе дојде на позајмица, без клаузула за откупување на договорот.
Речиси целата плата ќе ја покрие Брајтон, што беше услов на Барселона.
Фати в четврток ќе отпатува за Англија.
Фудбалерот кој е дете на „Ла Масија“ ја загуби самодовербата по тешката повреда и позајмица е можеби вистинскиот потег за двете страни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













