
Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри упати критики кон својот сонародник Килијан Мбапе за неговите игри во дресот на Реал Мадрид. Напаѓачот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ со големи очекувања, но засега не ги оправдува.
Според Анри, Мбапе ќе се подобри, бидејќи не може да игра послабо од тоа што го покажа досега.
„Мислам дека тимот е разочаран од него. Го разбирам тоа, бидејќи не е лесно. Потребно е да му дадеме време, но во меѓувреме, тој мора да научи како да игра како „деветка“, да има желба да се посвети на тимот“, изјави Анри.
„Белингам се обидува да го прави она што сега се очекува од Мбапе. Секогаш ја презема таа задача, тој е оној што се обидува да ги пробие линиите на противникот. Знам дека Мбапе не е централен напаѓач и дека сегашната позиција на теренот не му е омилена, но немојте да мислете дека и на Белингам му е драго што мора да се вража назад и да ја земе топката“, вели легендарниот Французин.
„Не мислам дека Реал игра добро како тим. Мбапе не е добар ни со топката. Ќе се подобри, бидејќи не може да биде послаб од ова што го покажува досега. Не бараат од него да ја задржува топката како Дидие Дрогба, не му бараат да ги снабдува сите со топки, но мора да атакува силно кога тимот ја поседува топката. Дури и Рудигер го правеше тоа подобро од него во првото полувреме против Милан“, смета Анри.
Според него, Реал Мадрид многу го чувствува отсуството на играч како Тони Крос, кој обезбедувал баланс во тимот. Родриго, исто така, беше многу важен минатата сезона, особено во моментите кога тимот ја губеше топката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
