Connect with us

Англичаните немаа проблем со Малта, Французите лесно минаа со Гибралтар (ВИДЕО)

Фаворитот во нашата група, селекцијата на Англија, немаше проблем да слави на Малта. Гордиот Албион победи со 0-4 и продолжува со максимален ефект, а во понеделник ќе ја пречека Македонија на „Олд Трафорд“.

Апап си постигна автогол за водство на Англија, вториот гол беше дело на Трент Александер-Арнолд, а потоа Хари Кејн реализираше пенал и на полувреме беше 0-3.

Калум Вилсон, повторно од пенал, го постави конечниот епилог во 83.минута.

Франција лесно мина против Гибралтар и победи со 0-3. Жиру веднаш погоди на почетокот, а ;бапе од пенал зголеми на 0-2 во последните моменти од првото полувреме. Во вториот дел Гибралтар си постигна автогол.

Данска ја совлада Северна Ирска со 1-0, а на гостите со реакција на ВАР не им беше признат гол во судиското продолжение. Турција едвај извлече победа на гости против Летонија (2-3) откако Ирфан Кахвечи возврати на голот што домаќините за израмнување го постигнаа во 94.минута. Но, Турците веднаш возвратија и победија.

Швајцарија очекувано ја победи Андора со 1-2, а Ерменија славеше на гости против Велс со 2-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови