
Австрија дојде во Скопје и ја декласира Македонија со 1-4. Можеби и неочекувано убедливо, но според прикажаното на теренот, сосема заслужено. Селекторот Игор Ангеловски вели дека нашиот национален тим не успеал да парира во дуел – играта. Поразот на Македонија е апсолутно заслужен.
„Ако против Полска можевме да кажеме дека незаслужено загубивме, овојпат поразот е сосема заслужен. Австрија беше подобра, не наттрчаа, добија најголем дел од дуелите, создадоа многу шанси и постигнаа четири гола. Ние париравме во првото полувреме и до пеналот, со кој Арнаутовиќ донесе водство (1-2) за Австрија, потоа објективно бевме немоќни на физички план. Не бегам од одговорноста, тренерот секогаш е виновен кога ќе загуби неговиот тим. Австријците создадоа многу шанси и Столе Димитриевски беше на висина на задачата и покрај четирите примени голови. Ако се навратиме на првото полувреме, можеби мечот ќе имаше друг тек ако постигневме втор погодок, преку шансите на Пандев и на Несторовски. Шансите за пласман на ЕП не се загубени, јас бев првиот што ја подигна летвичката кога се очекувањата во прашање и побарав од фудбалерите да се бориме за највисок пласман. На три бода сме од второпласираната селекција во групата, имаме се уште шанси, квалификациите не се загубени“ – изјави Ангеловски на прес-конференцијата по мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
