Европа ги одбројува последните три седмици до стартот на Европското првенство, а на еминентниот фудбалски собир за првпат ќе биде и репрезентацијата на Македонија. Словенија ќе биде еден од двата теста за македонскиот национален тим пред самото заминување на ЕП, а во „дежелата“ опишуваат дека Македонија е во фудбалска екстаза.
Предводникот на селекцијата што ја напиша македонската фудбалска бајка, Игор Ангеловски, изјави дека неговиот детски сон се остварил.
„Оваа еуфорија ја чекавме 30 години. Конечно, дојде генерација одлични фудбалери кои успеаја да го исполнат сонот на сите Македонци“, вели Игор Ангеловски.
Тој во детството ја имал истата желба, еден да собира сликички од легендарниот албум на „Панини“ во кој ќе биде и Македонија.
„Собиравме сликички за три албуми, бидејќи моите деца, Лука, Луна и Леа, изразија желба секој да има сопствен албум. Па, така конечно се оствари и мојата голема желба од детството. Сите го чекавме моментот кога и Македонија ќе ја има во албумот“, истакна македонскиот селектор за “Телма”.
Игор Ангеловски на 25 мај ќе го има првиот собир со фудбалерите кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство. Националниот тим ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје, против Словенија на 1 јуни и против Казахстан на 4 јуни, пред заминувањето во Романија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













