Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф (4-0) над Казахстан во последниот тест пред Европското првенство. Широка лепеза на расположени и квалитетни фудбалери, но и два теста без Енис Барди. Тој се уште е позитивен на Ковид-19 и тешко прашање за селекторот. Дали ќе биде Барди стартер и доколку не одработи ниту еден тренинг пред Австрија со соиграчите. Дај Боже што побрзо да е негативен на коронавирусот.
„Нема тренер што би се откажал од Енис Барди. Но, тешко е прашањето навистина. Се надевам дека во наредните неколку дена ќе успее да го победи коронавирусот, тој е во изолација, но почна со индивидуални тренинзи. Нема симптоми, тоа е најважно и верувам дека ќе биде добро подготвен. Благодарност до навивачите за подршката, одигравме добар натпревар, честитки за головите за првенци за Милан Ристовски и за Дарко Чурлинов. Затоа беа и одбрани, им посакувам уште многу голови во иднина. Среќни сме за победата, публиката нека живее во еуфорија, но ние ќе стоиме цврсто на земја затоа што сега почнува Европското првенство“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Фудбалската репрезентација на Македонија на 8 јуни патува за Букурешт, а пет дена подоцна против Австрија ќе го има дебито на ЕП.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski