
Фудбалската репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за Европското првенство. За жал, на стартот дојде непријатна вест дека Енис Барди е позитивен на Ковид-19. Селекторот Игор Ангеловски уште еднаш испрати порака на поддршка од целиот национален тим и го чекаат брзо да им се приклучи по добивањето на негативен ПЦР – тест.
„Најнапред жалам што овие подготовки започнаа со непријатна вест, но сакам да испратам до Енис Барди дека сите членови стоиме со него и што побрзо да добие негативен тест за да се приклучи. Се надевам дека ова ќе биде единствена лоша вест на овие подготовки. Сите останати кои беа планирани се тука, Адеми, Пандев и Димитриевски ќе дојдат на крајот од овие подготовки. Се надевам дека ќе одработиме едни добри подготовки и спремни ќе одиме за Букурешт. Јас од првиот момент кога застанав на оваа позиција кажав дека секој собир е значаен и секој меч е значаен кога се игра за националниот тим. Пристапот мора да биде ист. Ништо поразлично од досега не практикуваме и нема да применуваме. Како што беше досега, така ќе биде и понатаму. На подготвителните два меча ќе се воигруваме тактички, без разлика што долго време сме заедно и се познаваме и ги имаме разработено сите варијанти“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Македонија ќе тренира по двапати дневно во Скопје, а ќе одигра два пријателски натпревари, против Словенија на 1 јуни и против Казахстан три дена подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
