
Македонија е на чекор до Европско првенство, на 12 ноември ќе го игра историскиот финален плејоф натпревар против Грузија во Тбилиси, а селекторот Игор Ангеловски го крои списокот за оваа историска акција. Во гостувањето на ТВ Алфа, тој одговори и зошто Адис Јаховиќ, напаѓачот кој игра во добра форма во Турција, веќе не добива повик во националниот тим.
„На Адис Јаховиќ јас кога дојдов за селектор му ја симнав суспензијата што ја имаше поради инцидент кај претходните селектори. Тој беше дел од тепачка на тренинг со Даниел Георгиевски и доби суспензија од тогашниот селектор. Доби можност на натпреварите на кои сметав дека треба да добие и на натпреварот со Италија во Торино не влезе во игра, а потоа имавме меч со Лихтенштајн во Струмица. Пред мечот дојде кај мене и ми рече дека сака да ја напушти репрезентацијата затоа што мисли дека треба да се посвети на клупскиот фудбал и дека сака да го отстапи местото на помладите. Јас му кажав дека е рано за такво нешто и дека е потребен во репрезентацијата, но ако е тоа негова одлука, иако мислам дека е погрешна, ќе ја почитувам. На натпреварот со Лихтенштајн дојде, а во 75. минута откако беа направени сите замени, ја напушти клупата и со родителот си замина за Скопје, па објави дека нема да игра за репрезентацијата. Јавно, на прес конференција кажав дека му благодарам за се што има направено за Македонија, за сите голови и настапи и односот кон сите фудбалери. Зошто не игра во репрезентацијата, сега прашањето треба да му се постави на него“, објасни Игор Ангеловски.
Тој потенцираше и дека на Дејан Кулушевски му е даден повик за настап во А- репрезентацијата на Македонија, уште во периодот кога беше речиси младинец и влегуваше во сениорскиот тим, но тој одбра да игра за селекцијата на Шведска. Кулушевски играше во младинската селекција на Македонија до 17 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра
