
Напаѓачот на француски Ним, Влатко Стојановски е единствено ново има на списокот на македонскиот селектор Игор Ангеловски за квалификациските натпревари против Израел и против Летонија на гостински терен кои не очекуваат на почетокот на септември.
На списокот на Ангеловски се 23 фудбалери, главно стандардните од претходните репрезентативни собири, со тоа што повторно во националниот тим се враќа и фудбалерот од срениот ред на Академија Пандев, Љупче Дориев. Од оние репрезентативци кои претходно беа стандардно повикувани сега ги нема Стефан Ристовски поради повреда, и Ферхан Хасани кој е без клуб. Дарко Чурлинов, пак, сега ќе биде со репрезентацијата до 21 година. Во офанзивата се шест фудбалери, покрај Влатко Стојановски, и Пандев, Несторовски, Тричковски, Трајковски и Крсте Велкоски.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски вели дека не чека тежок противник како Израел, против кој, во секој случај, мора максимално да се подготвиме за надигрување…
„Списокот е безмалку без некои посериозни промени во однос на претходните натпревари. Ги нема Стефан Ристовски поради повреда и Ферхан Хасани кој е без клуб, додека Дарко Чурлинов овојпат ќе биде со селекцијата до 21 година. Комплетни ќе бидеме дури во Израел каде директно ќе се приклучат поголемиот дел од фудбалерите кои имаат натпревари во недела вечер. Наша база во Израел ќе биде Ашдод, каде верувам ќе имаме добри услови за подготовка за натпреварот кој не очекува“ – истакна Ангеловски на денешната средба со медиумите притоа осврнувајќи се на мечот кој не очекува против Израелците.
„Израел има одредени промени во тимот и нов селектор Херцог. Ќе ги анализираме добро и се надеваме дека ќе избориме позитивен резултат. До пред две недели бев загрижен за дел од дефанзивците кои немаа минутажа, но сега се во ритам и Дарко Велковски, и Алиоски и Муслиу во новиот клуб во Унгарија, што е навистина позитивно за нас“.
Што се однесува до резултатскиот ефект од престојните два квалификациски натпревари, Ангеловски со став…
„Сигурно не би бил задоволен ако освоиме под три бода од овие два натпревари. Три бода би било добро, над три бода многу добро“ – вели Ангеловски.
Првиот собир на репрезентацијата пред новите квалификациски дуели е закажан за 2. септември (понеделник) од 12 часот во хотелот Парк во Скопје.
Натпреварот против Израел се игра на 5. септември во Бер Шева, а дуелот против Летонија е на 9. септември во Рига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола
