Connect with us

Ангеловски: Да му се заблагодарам на господинот Пандев и на сите фудбалери

МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) на „Јохан Кројф арена“ го игра последниот меч на Европското првенство. По двата порази, ова е заокружување на настапот, со оглед дека Македонија нема шанси за ЕП. Утре од репрезентативниот дрес ќе се прости најголемиот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, а после ЕВРО истекува договорот и на селекторот Игор Ангеловски.


„Мојот договор завршува. Можам да кажам само едно големо благодарам за господинот Пандев и да искажам благодарност за сите фудбалери. Знаете каде бевме пред 5-6 години и каде сме сега. Дојдовме на Европско првенство. За иднината не би сакал да зборувам, ќе го одработам договорот професионално до самиот крај“, изјави Игор Ангеловски.


Стефан Ристовски на двата меча играше како стопер, а на позицијата десен бек беше Бобан Николов. Тоа е импривизирана ситуација во тимот, иако Ангеловски не мисли така.

„Позицијата на Стефан Ристовски, која сметате дека е импровизирана, ни донесе победа над Германија, победа над Словенија, реми со Италија, па не знам како може да биде импровизација“, беше одговорот на селекторот.

Селекторот Игор Ангеловски утре последен пат ќе ја води Македонија, а капитенот Горан Пандев последен пат ќе игра во националниот дрес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови