Connect with us

Андрес Иниеста со емотивно видео објави крај на блескавата кариера

Андрес Иниеста, поранешниот репрезентативец на Шпанија и легендарен фудбалер на Барселона, на 40-годишна возраст објави крај на својата професионална кариера. Тој го направи тоа преку емотивно видео, во кое брише солзи додека за него зборуваат неговите поранешни тренери – Пеп Гвардиола, Висенте дел Боске, Луис Енрике и Луј ван Гал.

Минатата година, во јули, Иниеста го напушти јапонскиот клуб Висел Кобе по пет години поминати таму. Иако со тимот од Јапонија освои неколку трофеи, јасно е дека ќе остане запаметен како икона на Барселона и легенда на шпанската репрезентација.

Со Барселона освои девет титули во шпанската Ла Лига, четири титули во Лигата на шампионите и вкупно 29 трофеи. Со шпанската репрезентација беше светски првак во 2010 година и двапати европски првак во 2008 и 2012 година.


Иниеста ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи на својата генерација и фудбалер кој остави длабок печат во историјата на Барселона и шпанскиот фудбал.

Кариерата на Иниеста во бројки
Шпанија: 131 натпревар, 14 голови, 30 асистенции
Барселона: 674 натпревари, 57 голови, 135 асистенции
Висел Кобе: 134 натпревари, 26 голови, 25 асистенции
Емирати: 23 натпревари, 5 голови, 1 асистенција

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови