Connect with us

Андре Онана по 10 месеци повторно застана на голот на Ајакс

Камерунскиот голман Андре Онана вечерва го игра првиот официјален натпревар за Ајакс по неполни 10 месеци и суспензијата која ја заработи поради употреба на недозволени супстанци. На почетокот на февруари, Онана беше казнет со 12-месечна забрана за играње фудбал поради употреба на „фуросемид“, но по поднесената жалба казната беше намалена за една четвртина.


Иако имаше различни шпекулации кога повторно ќе биде на теренот, тренерот на холандскиот великан Ерик Тен Хаг реши да го фрли во оган на вечерашната пресметка против Бешикташ.

Ајакс веќе избори пласман во следната рунда, а Бешикташ е без шанси дури и за Лигата на Европа.

Онана е член на Ајакс од 2016 година, а сигурно е дека ова му е последна сезона во Амстердам, бидејќи има начелен договор на лето како слободен играч да се пресели во Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови