По очајниот старт на сезоната со четири порази од исто толку натпревари, второлигашот Осогово ја прекина соработката со тренерот Александар Андов.
Целта на Осогово е опстанок актуелнава сезона во Втората лига поради што првиот чекор по лошиот резултатски почеток е смената на шефот на стручниот штаб.
„Раководството на ГФК Осогово и тренерот на првиот тим Александар Андов ја раскинаа досегашната соработката откако досегашниот тренер на тимот си поднесе оставка поради слабиот старт на сезоната по првите четири кола. Младиот и перспективен тренер Александар Андов ја предводеше екипата и претходната сезона во која постигна задоволителен резултат и со нашиот тим успеа да се пласира од трета во втора лига исток, но после 4 порази едно по друго во почетокот на сезоната во 2 МФЛ исток, доблест на секој голем тренер и човек е да ги сноси последиците од негативниот период на тимот и тоа е најдобро прифатливо решение за двете страни. Клубот и раководството на ГФК Осогово му се заблагодаруваат на тренерот Андов за досегашната работа и му посакува успех во животот и кариерата на спортски план. Вратите на клубот и стадионот Никола Мантов ќе бидат секогаш отворени за него и во иднина со цел: соработка и јакнење на заеднички интереси во спортска и професионална перспектива. В.Д. тренер на нашиот тим се до назначување на нов шеф на стручен штаб ќе биде досегашниот помошник тренер Кире Георгиев“ – се вели во соопштението на Осогово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski