Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека неговиот тим знае како да им се спротивстави на избраниците на Пеп Гвардиола на вечерашниот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Дуелот се игра на „Итихад“, со почеток во 21 часот.
„Против Манчестер Сити мораме да одиграме максимално компактно или во спротивно ќе страдаме. Нашата поставеност во дефанзива можеби ќе биде и клучна за исходот на натпреварот“, изјави Анчелоти.
Сепак, италијанскиот стратег е уверен дека тимот знае како да одигра еден ваков важен натпревар.
„Ќе има периоди во кои противникот ќе владее со топката. Треба да се одбраниме и да ја одземеме топката. Целта е да бидеме што поефективни. Не е тајна дека ќе бараме директен фудбал“, дополни тренерот на „кралевите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













