
Идејата за Суперлигата на 12 клубови од Европа кои сакаа да се одметнат и да направат ново европско натпреварување не успеа. Флорентино Перез и Андреа Ањели се уште се надеваат, но факт е дека нема да оди лесно.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти, кој е менаџер на Евертон, вели дека на европско тло тешко проаѓаат американските идеи.
„Спортската култура во Европа е поинаква од онаа во американскиот спорт. Таму спортот е обична забава, овде спортот, а посебно фудбалот, буди емоција, носи страст. Сакате секого да победите, својот брат, соседите. Во Америка не е така. Најважно е сите да се забавуваат. Нормално е, фудбалот е визнис, има многу сериозни вложувања, но најлошиот дел од Суперлигата е што сакаа да направат натпреварување без спортски заслуги. Тоа е неприфатливо“, изјави Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal