
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека не верува дека Винисиус ќе се пресели во клуб од Саудиска Арабија. Претходно се појавија информации дека за Бразилецот е подготвена колосална понуда.
Со својот одговор, Анчелоти навести дека понудата е реална.
„Го разбирам сето тоа во фудбалот. Разбирам и дека Крос се повлече од фудбалот, како малкумина. Овие одлуки се индивидуални. Но, го гледам Вини среќен, сака да остане тука и сака да освојува трофеи со Реал. Мислам дека ќе ја избере славата пред парите“, прокоментира Анчелоти за иднината на Винисиус.
Италијанецот зборуваше и за својата иднина.
„Не мислам дека има сомнежи. Клубот и јас сакаме да продолжиме заедно што е можно подолго. Ако се случи нешто неочекувано, може да има промени, но веруваме еден во друг. Сега не размислуваме за следната година, туку за тоа да имаме добра сезона. Се справуваме добро, и покрај тешкотиите, бидејќи многу луѓе забораваат дека многу играчи отсуствуваат од тимот поради повреди“.
Анчелоти ја коментираше и формата на Мбапе, кој постигна хет-трик на последниот натпревар.
„Тој игра одлично. Му требаше време за адаптација, но сега се снаоѓа одлично. Мотивиран е“.
Анчелоти ќе го предводи тимот на гостувањето кај Брест во Лигата на шампионите. Реал е 16-ти на генералната табела, но заостанува само еден бод зад осмопласираниот Баер Леверкузен.
„Брест одигра многу добро во Лигата на шампионите. Имаат еден бод повеќе од нас. Влогот е голем за двата тима. Сакаме да го завршиме овој дел од турнирот на добар начин, бидејќи беше сложен за нас“, истакна Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
