
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, немаше причини за радост по поразот со 1-3 од Милан во Лигата на шампионите. Ова е уште еден натпревар оваа сезона во кој неговиот тим покажува сериозни слабости, особено во одбраната.
Тренерот изјави дека на тимот му недостига стабилност и е премногу кревок.
„Не ја видов потребната реакција по поразот од Барселона и проблемите остануваат. Ни недостига цврстина во одбраната, а често сме небалансирани при контранападите. Треба да го поправиме тоа. Премногу сме кревки и тоа мора да се промени“, изјави Анчелоти.
Според него, тимот има причини за загриженост по уште еден слаб натпревар оваа сезона.
„Треба да бидеме загрижени, затоа што овој тим има голем потенцијал, но не го покажува. Треба да ги изградиме основите кои во моментот недостасуваат. Кога не си стабилен во одбраната, тоа може да го наруши секој натпревар. Понекогаш успеваме да се извлечеме од тешки ситуации, но не може секогаш така“, додаде Италијанецот.
„Вистината е дека моментно не сме доволно ефикасни во нападот и не ги користиме добро нашите шанси, но нашиот поголем проблем е одбраната. Ова се основни работи во фудбалот и очигледно треба да промениме нешто за да се браниме подобро“, заврши Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
