
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сака голманот Кепа Аризабалага, кој настапува за „кралевите“ на едногодишна позајмица од Челси, трајно да остане во тимот. Италијанскиот стручњак ќе направи сѐ за да го убеди раководството на мадридскиот клуб да го реализира трансферот.
Доколку биде склучен таков договор, Кепа ќе му конкурира на Тибо Куртоа за стартно место во тимот.
Сезонава Кепа одигра 12 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања и прими девет гола.
Договорот на голманот со Челси е до крајот на јуни 2025 година. Очекуваната цена е околу 18 милиони евра.
Кепа беше доведен на „Сантијаго Бернабеу“ како замена за повредениот Тибо Куртоа, кој долго време е надвор од терените поради повреда на коленото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
