
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави дека клубот нема да прави повеќе трансфери ова лето. „Кралевите” ги привлекоа Килијан Мбапе и Ендрик.
Тие беа во битката и за Лени Јоро, но, сепак, талентот заврши во Манчестер Јунајтед.
Анчелоти објасни дека Реал нема да привлекува централен одбранбен играч, туку ќе се потпира на младите играчи.
„Составот е јасен. Ваљехо се врати, Алаба се опоравува. Имаме млади играчи Жоан Мартинес, Јакобо Рамон и Раул Асенсио. Нема да има заминувања, бидејќи секој сака да остане“, изјави италијанскиот стратег.
„Вистината е дека не сум загрижен, бидејќи имаме извонреден состав и тоа важи за сите позиции. Мбапе ни се приклучи, што е фантастично. Немаме многу време да се подготвиме за првите натпревари, но играчите ќе дојдат во добра форма. Тие имаат програма која започнува 15 дена пред нивното пристигнување. Најважната работа е одморот. Целата група ќе биде на линија на седмиот ден”, објасни Анчелоти.
Стручњакот призна дека Тони Крос ќе му недостасува на тимот, но додаде дека има начини да се замени Германецот.
„Крос ни недостасува, но имаме опции да го замениме. Немаме играч како него, бидејќи тој имаше големи квалитети, но имаме многу други играчи. Каде ќе игра Белингам? Колку е поблиску до казнениот простор, толку подобро. Ги имаме и Модриќ, Чуамени, Валверде”, истакна тренерот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
