Connect with us

Анчелоти: Реал е „кралот“ на ЛШ, нашата мисија е да го освоиме трофејот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Челси. „Кралевите“ го добија првиот меч со 2-0 и се фаворити пред гостувањето во Лондон.


„Мотивирани сме како и секогаш. Нѐ очекува важен натпревар во важното натпреварување. Мора да одиграме перфектно. Во рок од 90 минути сѐ може да се случи, но ние сме подготвени“, изјави Анчелоти на денешната прес-конференција.

„Во Реал Мадрид целта е јасна – секогаш мора да победувате. Фудбалерите се должни да се борат до крај и да играат со сите сили. Ако, пак, се пласираме во полуфиналето, тогаш добро сме ја завршиле работата“, објасни Италијанецот.

„Историјата зборува за тоа, Реал е „крал“ на Лигата на шампионите. Ние сме само мал дел од овој клуб. Сигурно ќе се обидеме да додадеме уште еден на 14-те пехари во ова натпреварување“, истакна Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови