
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по тешкиот пораз на неговиот тим со 2-5 од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија.
„Лоша вечер, растроени сме, како и сите наши фанови. Разочарани сме, нема смисла да го криеме тоа, но таков е фудбалот. Понекогаш успевате да победите, а понекогаш треба да научите од поразот. Треба да гледаме напред, тоа е сè“, изјави Анчелоти.
Тренерот на „кралскиот клуб“ ја лоцира причината за поразот во слабата игра во одбраната.
„Лошо се браневме и тоа ни се одрази. Противникот лесно наоѓаше начини да постигне гол. Се браневме слабо, како при високиот пресинг, така и при нискиот блок“, додаде Анчелоти.
Тренерот откри дека неговиот план на полувремето не функционирал.
„На паузата им кажав на играчите дека треба да почнат да играат фудбал, бидејќи во првото полувреме тоа не го направивме. Игравме со долги додавања, но планот беше поинаков. Им кажав дека е возможно да губиме натпревари, но не на начинот на кој игравме во првото полувреме“, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стратег го заврши својот говор со интересен коментар за еден од најчесто критикуваните играчи.
„Мбапе беше најдобриот“, заврши Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
