
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со филозофски пристап го прифати ремито 1-1 во дербито против Атлетико Мадрид. „Кралскиот клуб“ имаше водство, но ги испушти трите бода во судиското продолжение.
Сепак, тој смета дека ова е важен бод освоен против силен противник.
„Да се фокусираме на позитивното. Освоивме важен бод против добар противник. Во добра форма сме и веќе размислуваме за среда. И двата тима се обидуваа да го контролираат натпреварот. Ние имавме свој план, а тие — свој. Сакавме да се браниме подобро од минатата година и успеавме во тоа. Се браневме добро, но требаше да бидеме малку повнимателни во контролата на топката. Играме многу натпревари, така што е нормално понекогаш да излеземе од ритам. Но, тоа е фудбалот, кога остануваат уште пет минути, треба да се браниш подобро. Направивме сè правилно, освен во последниот напад, каде што тие постигнаа гол“, изјави Анчелоти.
Тој го коментира и прекинот на натпреварот поради запалката фрлена од страна на навивачите на теренот и дали тоа му помогна на Атлетико Мадрид да се врати во натпреварот.
„Не, не мислам дека имаше такво нешто. Овој проблем подеднакво влијаеше на двата тима. И двата тима сакаа да играат, но судијата ја донесе правилната одлука. Судијата рече дека има фрлена запалка. Рече дека двапати ги предупредил навивачите и ако се случи повторно, ќе го прекине натпреварот на 10 минути“, додаде Италијанецот.
На крај, тој зборуваше и за повредата на голманот Тибо Куртоа.
„Тој беше лошо удрен од Фран Гарсија. Куртоа има мускулен проблем, но ќе видиме каква е неговата состојба“, заврши стратегот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
