
Карло Анчелоти е сѐ поблиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид. Според „АС“, клубот планира да му понуди нов договор на Италијанецот, бидејќи се презадоволни од неговата работа на „Сантијаго Бернабеу“. Идејата е двете страни да седнат на разговори по враќањето на Реал од шпанскиот Суперкуп.
Новиот договор на Анчелоти треба да биде до 30 јуни 2025 година.
Анчелоти ги отфрли сите сомнежи кај раководството на клубот со начинот на кој неговиот тим мина во досегашниот дел од сезоната, и покрај тоа што Реал се мачи со голем број повреди на клучните играчи.
И покрај сите проблеми, „кралевите“ се на врвот на табелата во Ла Лига, ги добија сите натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите и само еднаш загубија од почетокот на сезоната – во дербито со Атлетико Мадрид на „Ванда Митрополитано“.
Иако бразилската федерација јавно објави дека има договор со Карло Анчелоти да стане селектор на нивната репрезентација, „АС“ тврди дека нема таков писмен договор и Италијанецот бил многу јасен со бразилските фудбалски челници дека неговиот приоритет е да остане на „Бернабеу“ доколку Реал му понуди нов договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
