Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше успехот (0-1) против Лајпциг во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Стратегот го пофали својот тим за триумфот со оглед на тежината и сериозноста на натпреварот.
„Среќни сме поради победата, но далеку од тоа дека нешто е решено. Севкупно беше тежок натпревар и можевме подобро, но имаше и многу позитивни страни. И покрај отсуствата, централната бековска двојка се претстави на високо ниво. Бевме опасни во транзицијата. Лајпциг можеше да поведе, можеше и да израмни кога ние водевме, да бидам искрен“, изјави Анчелоти.
Тренерот на „кралевите“ го прокоментира и одличното издание на голманот Андриј Лунин, кој во текот на натпреварот забележа девет одбрани.
„Тој е голман кој нема многу минути зад себе, а сепак многу напредува. Фактот дека игра му дава голема самодоверба. Мислам дека е добро што играше и одлично ја заврши работата“, истакна тренерот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













