Connect with us

Анчелоти: Нападот ја извлече одбраната

Реал Мадрид оствари убедлив триумф (5-2) над Селта при враќањето на „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта во одбраната. „Кралевите“ направија неколку грешки во првиот дел и на полувреме имаа негатива од 1-2.


„Тоа беше натпревар кој имаше се. Грешки во одбраната, но и квалитет и вештина во нападот. Не треба толку да си ги компликуваме натпреварите. Навивачите ни помогнаа, го турнаа тимот напред кога заостанувавме. Не ја загубивме довербата благодарение на атмосферата. Многу е поинаку да се игра на „Бернабеу“, тогаш Реал е комплетен“, изјави Карло Анчелоти.

Реал Мадрид в среда му гостува на италијанскиот првак Интер во Милано, во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови