
Лука Модриќ не е задоволен од статусот во тимот на Реал Мадрид, но би можел веќе од следната сезона да има сериозно нова улога.
Според последните информации, Карло Анчелоти му понудил на Модриќ место во неговиот стручен штаб.
Модриќ не ја прифати најдобро намалената минутажа и улогата од клупата, иако годинава полни 39. Хрватот се чувствува доволно подготвен да продолжи да игра, но очигледно Анчелоти има други идеи.
Италијанецот високо го цени знаењето и лидерските способности на Модриќ, поради што смета дека би било одлично доколку тој остане во стручниот штаб на крајот на сезоната, во случај да се реши да замине во фудбалска пензија.
Модриќ веројатно сè уште не размислувал во тој правец, а можеби сепак ќе му се допадне оваа улога.
Хрватот пристигна во Реал летото 2012 година и оттогаш упорно повторува дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид.
Сега има можност да го стори тоа и да започне нова кариера, на „Сантијаго Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
