Connect with us

Анчелоти ја губи поддршката од фудбалерите и од Флорентино Перез?

Реал Мадрид го загуби првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј против Барселона (0-1), а шпанските медиуми тврдат дека тренерот Карло Анчелоти полека ја губи поддршката од играчите и од претседателот Флорентино Перез.


Наводно, конфликтот меѓу Анчелоти и претседателот Флорентино Перез започнал по нерешениот резултат во Ла Лига против Атлетико Мадрид (1-1). Перез го обвини Анчелоти дека оставил неколку стандардни играчи на клупата.

„Сето ова влијае на тимот секој ден. Неколку играчи сакаат да ја искористат оваа нестабилност и да добијат подобар статус за себе. Затоа се повеќе и повеќе се жалат кај Флорентино Перез за Анчелоти”, тврдат медиумите на Пиринеите.

Италијанскиот стратег има понуда да ја преземе бразилската репрезентација, но на Бразилците им порача дека нема да одлучува до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови