Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да ја засили одбраната со дефанзивецот на Вилјареал и шпански репрезентативец, Пау Торес. Тој има одлична сезона во дресот на „жолтата подморница“ и се етаблираше во еден од најквалитетните дефанзивци во Европа.
Реал Мадрид најверојатно ќе се откаже од можноста да го ангажира Антонио Рудигер како слободен агент следното лето и ќе се насочи токму кон Пау Торес.
Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и подготвува понуда, но Вилјареал речиси сигурно нема да дозволи тој да замине на половина од сезоната. Многу поверојатно е овој трансфер да се реализира на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













