Connect with us

Анчелоти го носи и Иско во Евертон

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сака да го доведе и Иско Аларкон во Евертон. Ангажманот на Хамес Родригез се покажа како полн погодок од почетокот на сезоната во Премиер – лигата, па италијанскиот стратег сака да го надополни средниот ред со уште еден одличен креатор од Реал Мадрид. Тој многу добро ги знае квалитетите на Иско од периодот кога беше на кормилото на „кралевите“. 

Фудбалерот од Андалузија се плаши дека би можел да остане надвор од репрезентацијата пред Европското првенство идното лето, доколку нема настапи за клубот. Не сака да биде ниту дел од пакетот што Реал Мадрид би го понудил за Пауло Дибала на Јувентус следното лето.

Реал Мадрид ќе се согласи Евертон да го добие Иско на позајмица во јануари, но на лето  да има задолжителен откуп на неговиот договор.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови