
Шпанскиот портал „Релево“ објави дека Реал Мадрид веќе има подготвено решение доколку Карло Анчелоти не успее да ја врати формата на тимот во блиска иднина. Се работи за Сантијаго Солари, 48-годишен поранешен играч и тренер на клубот.
Солари беше тренер на Реал од 2018 до 2019 година, откако го замени Хулен Лопетеги. За време на неговиот мандат, Солари го водеше тимот на 32 натпревари, освојувајќи 22 победи, два ремија и осум порази. Потоа беше заменет од Зинедин Зидан.
Солари, кој претходно го водеше и младинскиот тим на Реал, се смета за можност за привремен тренер ако ситуацијата бара промена. По напуштањето на Реал, тој го водеше мексиканскиот клуб Америка од декември 2020 до март 2022 година, но моментно е дел од раководството на Реал Мадрид.
Реал моментно е третопласиран во Ла Лига, со две натпревари помалку од Барселона и заостанување од седум бода. Во Лигата на шампионите, тимот исто така има потешкотии, па притисокот врз Анчелоти е голем. Сепак, последниот кикс на Барселона против Селта (2-2) може да ја подобри ситуацијата за италијанскиот стратег.
Денес Реал гостува кај Леганес, додека во среда се соочува со Ливерпул во Лигата на шампионите. Според „Релево“, Анчелоти можел да добие отказ доколку не ја победел Осасуна со 4-0 во претходното коло.
Поразите од Барселона (0-4) и Милан (1-3) предизвикаа сериозни размислувања за иднината на клубот.
Анчелоти досега освои 14 трофеи со Реал, вклучувајќи две титули во Ла Лига и три во Лигата на шампионите, но и покрај тоа, неговата позиција не е сигурна доколку тимот продолжи со нестабилните настапи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
