Реал Мадрид победи со 4-2 против Наполи во петтото коло од групата Ц во Лигата на шампионите. Тренерот Карло Анчелоти го коментираше успехот на тимот и ги пофали играчите кои најдоа сила да се вратат во тешките моменти.
„Ова беше многу отворен натпревар од двете екипи, без задржување, многу голови и можности. Кога се чинеше дека се појави замор, најдовме нова сила за да стигнеме до посакуваниот резултат. Мислам дека клучот за успехот е атмосферата во соблекувалната каде играчите се многу фокусирани и многу професионални. Мислам дека тоа е многу важно во вакви натпревари“, изјави Карло Анчелоти.
Реал Мадрид има максимален ефект од пет победи во досегашната фаза од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













