
Турскиот талент Арда Ѓулер во следната сезона ќе го носи тимот на Реал Мадрид, категоричен е тренер на тимот Карло Анчелоти.
19-годишниот Гулер го имаше својот прв старт во Ла Лига за „кралскиот клуб“ и го постигна победничкиот гол за Реал во триумфот од 0-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.
Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува за позајмица во новата сезона, но Анчелоти го уверил дека ќе се потпира на него за новата сезона.
„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој може да почне да игра порано бидејќи игра толку добро на тренинзите. Тој е многу млад, но брзо учи каква е неговата улога во овој тим. Тој постигна повеќе голови отколку што играше“, изјави Анчелоти.
Арда Ѓулер оваа сезона забележа осум настапи во сите натпреварувања и постигна два гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
