Connect with us

Амрабат го преферира Атлетико Мадрид, пред Ливерпул и Тотенхем

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабат, би го избрал Атлетико Мадрид за негова следна дестинација, пред Ливерпул и Тотенхем, тврдат шпанските медиуми. Мароканскиот репрезентативец импресионираше и беше клучна фигура во селекцијата на Мароко на Светското првенство, која стигна до полуфиналето на турнирот. Со тоа го привлече вниманието на неколку врвни европски клубови.


Фиорентина не сака да го продаде, но може да се согласи доколку понудите надминат 50 милиони евра.

Досега имаше интерес од Ливерпул и Тотенхем, но Амрабат најмногу е заинтерсиран за трансфер во Атлетико Мадрид, кој исто така сака да го доведе во својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови