Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, сè уште не може официјално да започне со работа и да ги води тренинзите на тимот, иако неговиот договор со клубот започнува од денес.
Причината за ова е што 39-годишниот Португалец сè уште не ја добил својата работна виза за Обединетото Кралство. Сепак, тоа е стандарден процес кој клубот ќе се обиде да го заврши што е можно побрзо.
Иако во моментот не може да ги води тренинзите, што не е голем проблем бидејќи поголемиот дел од играчите се на подготовки со своите национални тимови, Аморим денес ќе биде во Манчестер и се очекува да има разговор со Руд ван Нистелрој.
Холанѓанецот вчера последен пат го водеше тимот на „црвените ѓаволи“ како привремен менаџер при победата над Лестер и сè уште не знае дали и во каква форма ќе остане во клубот, иако јасно изјави дека би сакал да го исполни својот договор како асистент.
Вчера, по својот последен натпревар како тренер на Спортинг, Аморим изјави дека веќе има јасна идеја што ќе му каже на Ван Нистелрој.
„Тој е легенда на клубот. Заврши одлична работа. Ќе разговарам со него утре (н.з. – денес). Потоа ќе објаснам сè. Ќе бидам многу јасен и ќе ви кажам сè, како што е. Нo, да почекаме“, изјави Аморим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













