
Поранешниот италијански репрезентативец Алесандро Алтобели ја сподели неизмерната радост откако „аѕурите“ ја победија Англија на „Вембли“ о големото финале на Европското првенство. Сепак, не пропушти да ги закачи и Англичаните кои препотентно најавуваа дека ќе го вратат пехарот.
„Тие секогаш мислат дека се најголеми и најдобри, а во нивниот трофеен музеј имаат само еден ‘рѓосан пехар од 1966 година“.
65-годишниот Алтобели, напаѓачот кој има 61 натпревар во дресот на Италија, поентираше откако Италијанците успеаја да го освојат пехарот.
„Радосна сум за победата на „Вембли“ против Англичаните. Тие секогаш мислат дека се најдобри, најголеми, најталентирани, најубави. А, сепак, ако погледнете во нивниот музеј, има еден ‘рѓосан пехар од 1966 година! Одете, погледнете го нашиот трофеен музеј, тој е преполн“, изјави еуфорично Алтобели.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski