Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се запиша во листата на стрелците на вечерашниот меч на „Иланд Роуд“ меѓу Лидс Јунајтед и Њукасл (5-2). Тоа е дебитантски гол за него во Премиер – лигата, а исто Алиоски е првиот Македонец што постигнува гол во елитното англиски друштво по Ѓорѓи Христов.
Христов тоа го стори во април 1998 година, и тоа исто така на „Иланд Роуд“, но во мрежата на Лидс Јунајтед, носејќи го дресот на Барнсли.
Алиоски беше стрелец на четвртиот гол за Лидс Јунајтед во 85.минута од дуелот против Њукасл (5-2).
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement