
Фудбалската репрезентација на Македонија полека го насочува вниманието кон првиот натпревар од новото издание во Лигата на нации. Нашиот национален тим го очекува дуел со Фарски Острови на гостински терен.
„Немаме веќе пријателски натпревари, сега ни следи сериозното, тоа е Лигата на нациите. Играме на гости, ќе биде тешко како и на секој меч. Секоја репрезентација сега игра фудбал, нема слаби противници. Но, ние знаеме што треба да направиме. Имаме само една цел, тоа се трите бода. Имаме добар тим и играчи кои играат во добри лиги. Селекции како Фарски Острови се бранат и нема многу простор за игра во последните триесетина метри, но треба да сме брзи, да создадеме шанси и ако дадеме брз гол, тогаш ќе биде полесно за нас“, изјави Исник Алими.
Натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија се игра на 7 септември во Торшавн, а три дена подоцна нашиот национален тим се соочува со Ерменија во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
