
Фудбалерите на Силекс на брилијантен начин ја завршија првата полусезона освојувајќи ја есенската шампионска титула. Тимот од Кратово во есенската полусезона постигна 37 гола, а прими само пет, а се најде и во полуфиналето на Купот.
Еден од најдобрите фудбалери во тимот на Силекс беше Бурхан Алији, играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики.Тој имаше серија натпревари за паметење, постигнувајќи четири гола и четири асистенции.
Алији беше бескомпромисен играч за Силекс. Тој во победата во дерби натпреварот против Вардар во Скопје играше со крвава и преврзана глава покажувајќи како се бори за боите на клубот.
Бурхан Алији е дел и од МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА во вторите лиги, заедно со уште двајца соиграчи и тренерот Горазд Михајлов.

„Имавме фантастична полусезона. Секако дека се чувствувам добро, а уште подобро би се чувствувал доколку во формацијата на есенската полусезона имаше уште двајца или тројца играчи на нашиот тим. Со такви игри, буквално сите заслужија честитки“, вели Бурхан Алији.
Есенската полусезона Силекс ја заокружи на првото место со 13 победи и две ремија, без пораз, со 41 бод, а зад него е Воска спорт од Охрид со 32 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
