Легендата на иранскиот фудбал Али Даеи е осуден на смрт поради учество во протестите заедно со 15.000 луѓе по убиството на Махса Амини поради неправилно носење хиџаб.
Јавноста е шокирана што славниот фудбалер, кој постигна 109 гола за репрезентацијата на Иран (пред него е само Кристијано Роналдо со 117 голови), ја доби најстрогата казна, со надеж дека властите ќе ја сменат одлуката.
Кон крајот на септември, Али Даеи ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“. Поради тоа што го напишал на Инстаграм, му бил одземен пасошот.
Врвот на клупската кариера на Иранецот беше на крајот на 20. век, кога играше за Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













